Ветеранот од Втората светска војна, Реј Воли, го прослави 96-от роденден со нуркање на 48 минути на длабочина од 42,4 метри, со што го сруши неговиот рекорд како најстар активен нуркач веќе трета година по ред.

Неуморниот ветеран го прослави својот роденден во Кипар во саботата, пливајќи  два метра подлабоко од претходната година и помина четири минути подолго време.