Плакетата „Даница Ручигај“, што се доделува на писателка членка на ДПМ за стихозбирка објавена во тековната година, а во чест на македонската поетеса Даница Ручигај, која трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес во 1963 година, оваа година ѝ се доделува на поетесата Билјана Станковска за стихозбирката „Пукнатина во светлината“.
Селекторката Виолета Танчева-Златева во своето образложение за изборот, меѓу другото, истакнува: „…’Пукнатина во светлината‘ е составена од 31 песна, обединети во три мотивско-тематски структурирани циклуси – ’Одблесоци‘, ’Пукнатини‘ и ’Длабочини‘, кои функционираат како цврсто конципирана творечка целина. Низ нив, во стилски беспрекорни песни, таа ја воспева, ја дише и ја болува светлината во сите нејзини појавни облици и еманации – и во природата и во човековата душа – со што оваа книга израснува во своевиден календар на светлината“ .
Плакетата ќе ѝ биде врачена свечено по надминувањето на кризната состојба предизвика од пандемијата на Ковид-19.
Comments are closed for this post.