Во кинескиот национален природен резерват Волонг снимена е албино панда, информираат од резерватот.

Фотографијата е  направена со инфрацрвена камера во април, околку 2000 метри над нивото на морето во  југозападната кинеска покраина Сичуан. Ретката панда е снимена додека залутана во една шума од бамбус, пренесе ССТВ.

Животното нема црни дамки, а очите се црвени.