Што е најбитно за да се биде богат? Живот во дом што не ве чини премногу. Така барем тврди американската авторка Сара Стенли Фелоу од институтот Affluent Market , која интервјуирала 600 милионери за својата книга “The Next Millionaire Next Door: Enduring Strategies for Building Wealth”.
Таа открила дека ниеден предуслов не игра толкава улога во акумлирањето пари како одлуката каде ќе живеете.Повеќето милионери , кои биле интервјуирани не живееле во дом што надминува 5 проценти од нивното богатство.
Дури и ултрабогатите како Марк Зукерберг или Серена Вилијамс купиле куќи кои се далеку под нивните можности. Ако живеете во скапа куќа и во богато соседство , поголема е веројатноста дека ќе ги преземете навиките за трошење и помалку е веројатно дека ќе се фокусирате на акумулирањето сопствено богатство , утврдила авторката.
На пример, Марк Зукерберг живее во куќа , која вреди 0,01% од неговото вкупно богатство. Тој својот дом во пало Алто го платил 7 милиони долари , а неговото богатство се проценува на 62 ,9 милијарди долари.
Основачот на Снепчет , Ајван Шпигел својот дом во Лос Анџелес го дели со манекенката Миранда Кер , а го платил 12 милиони долари. Богатството му е проценето на 2,2 милијарди долари.
Серена Вилијамс во 2017 го купи својот дом за околу 6,7 милиони долари , а има богатаство проценето на 180 милиони.
Comments are closed for this post.