Пропаѓа во земја град со 15 милиони жители

09.12.2018 / 22:11


Во некои делови градот пропаѓа дури за 25 сантиметри годишно.

Еден земјоделец неодамна помина цели 6 часа во дупка , кога се отвори земјата под него. Земјата под главниот град на Иран , Техеран , полека тоне , а делови на градот се побргу пропаѓаат. Градот , во кој живеат 15 милиони жители се соочува со геолошки феномен , а најновите сателитски истражувања со голема резолуција покажале дека од 2003 до минатата година центарот на градот и некои села на северозапад , значајно потонале.

Според научниците , главна причина за ваквото пропаѓање е драстично намаленото ниво на подземните води, што се случува поради суша , изградба на брани и зголемување на бројот на жители. научниците велат дека ваквата состојба може да доведе до уривање на зградите , како и сериозни оштетувања на инфраструктурата како на патиштата , а особено на пругите.

Веќе се искривени дел од зградите , а се гледаат и големи пукнатини на улиците. За да се влоши состојбата во градот има илјадници илегални бунари за вода.

Владата веќе запечати 100 000 , но остануваат уште најмалку 30 000 од каде се вади вода. Според научниците , со ваквата состојба би биле загорезени и стратегиските објекти , како мостовите , нафтените постројки , нафтоводите и електричната мрежа.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Магазин

Гаргамел се наплаќа посебно: Кинезите направија Штрумф автомобил, чини само 5000 евра

пред 1 ден
Магазин

Совет од лекарите: Ова е најштетната состојка за појадок

пред 2 дена
Магазин

За да сурфате во Грција ќе ви треба сертификат

пред 2 дена
Магазин

Mислите дека е рано за Нова година: Во Црна Гора ќе пеат Харис Џиновиќ и Неда Украден

пред 2 дена
Магазин

Карлеуша со дечкото во Црна Гора

пред 5 дена
Магазин

Милица Павловиќ ги излудува и мажите и жените

пред 6 дена
Магазин

Жените си ја шијат вагината за жените да добијат чисти девојки

пред 1 нед.
Магазин

National Geographic го посочи Охридското езеро како едно од петте кои задолжително треба да се посетат

пред 1 нед.
Магазин

Лани бевме десет сега сме девет: Владо се расплака за починатата Сара во пожарот во Кочани

пред 3 недели
Магазин

Совршено за мезе: Поховано сирење во сусам со мед

пред 3 недели