Промоција на збирката кратки раскази „Во главата слушам песна“ од Елизабета Баковска во 18.00 часот во рамките на фестивалот на музички документарни филмови Skopje Cinema City а од 19.00 остануваме за заедно да ја проследиме вечерта посветена на македонските музички документарци.
Промоторка: Калина Малеска
Кинотека, 2. октомври (петок), 18.00, Кинотека
Кинотека, 2. октомври (петок), 18.00, Кинотека
Кратките раскази (кратки кратки раскази, микрораскази или микрофикција, како што би можеле да се наречат) во збирката „Во главата слушам песна (лирски рефрени)“ – внимателно структурирани, уметнички ефективни и емотивно топли – издвојуваат значајни лични моменти од животот на авторката и откриваат аспекти и односи кои обично се затскриени или чии импликации не се видливи сè додека самите раскази не ги откријат нивните потенцијални значења… тие не само што раскажуваат приказна, туку претставуваат и размислување за можните значења на настанот опишан во приказната, каде што доаѓа до израз и емпатијата на авторката и способноста да ја преземе на себе, а со тоа и да ја сфати, перцепцијата на другите…
Калина Малеска
Калина Малеска
Елизабета Баковска (1969). Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од областа родови студии на Институтот Евро-Балкан. Преведува, пишува поезија, проза, раскази за деца и книжевна теорија и критика. Нејзина поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на повеќе јазици.
Објавени книги:
„Житие на нашата љубов“, поезија (Маседониа Прима, 2003)
„Четири годишни времиња: раскази за суштински нешта, раскази“ (Блесок, 2004)
„Состојби на духот и телото по триесеттата“, поезија (Блесок, 2005)
„На пат кон Дамаск“, роман (Слово, 2006)
„Варварите сè уште пишуваат поезија“, поезија (самостојно издание, 2015)
„Сопствена соба, сопствено гето“: женското писмо во современата македонска проза, книжевна теорија/критика (самостојно издание, 2016)
„Тринаесет осврти за книжевни и слични дела“, книжевна критика (Блесок, 2018)
„Последните голтки“: раскази за суштински нешта, вторпат, раскази (самостојно издание, 2018)

Comments are closed for this post.