„Лајт џез клуб“, „Стара градска куќа“ и „Скопски мерак“ годинава се најдобри три ресторани во главниот град, избрани од Секторот за локален економски развој на Град Скопје во соработка со SWOT Research – специјализирана агенција со експертско знаење и искуство во анализа на квалитетот на услугата.
Преку тајни купувачи за најдобри три гостилници се прогласени: „Дневен престој“, „Гостилница Градска кафеана“ и „Дебар маало“, во категоријата кафулиња најдобри се: „Спик изи“, „Коктел бар“ и „Рок бар Круг“, а во категоријата лаунџ и мезе барови: „Дистрикт бар енд кичен“, „Паблик рум/Јавна соба“ и и „Соул кичен бар“.
Плакетите на 11. манифестација „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“ во Скопје на годинашните добитници им ги врачи Марко Тодоров, раководителот на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.
Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на градот – изјави Тодоров.
Comments are closed for this post.