Бугарскиот астрофизичар Лучезар Филипов тврди дека вонземјани киднапираат Бугари, а последниот случај е забележан на подрачјето на Варна.

Во текст под наслов „Вонземјани киднапираат дедовци и девојки” професор Филипов наведува дека „посетителите од Вселената се заинтересирани за повозрасни лица, млади луѓе и деца”.

Тој посочува дека вонземјаните пред извесен период киднапирале повозрасен човек од едно село во регионот на градот Варна.