Вечерва, со почеток од 20 часот, во МКЦ (сала 25 мај) ќе се изведе театарската претстава „Кожурец“, во продукција на независното здружение АРТОПИЈА.

Текстот и драматургијата се на Билјана Радиноска и Верица Недеска, а режијата е на Билјана Радиноска. Во претставата играат: Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска и Наташа Петровиќ.

„Работена според вистинска приказна, претставата Кожурец го отвара просторот на комплексните односи помеѓу премолчувањето и прозборувањето, барајќи го во театарскиот контекст јазикот да прозбори за внатрешните и надворешни механизми на сексуалната злоупотреба на деца. Претставата претставува своевиден емотивен пејсаж на една траума, преиспитување на репрезентацијата во театарот, збир на сцени, слики и песни, добиени како материјал од истражувачкиот процес“, најавуваат од МКЦ.

Организаторите информираат дека настанот ќе бидат организиран согласно протоколот за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е ограничен, носењето маски е задолжително за време на целата претстава.

Билетите по цена од 300 денари се достани на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk.