Еден од најпопуларните турски актери Бурак Озџивит , кого го паметиме по улогата на Бали бег во серијата ,,Сулејман Величествениот” , стана татко.
Неговата сопруга, актерката Фахрије Евчен (33) , роди машко бебе кое се вика Каран. Бебето е тешкјо 3 600 грама , а долго 52 сантиметри ,јавуваат турските медиуми.
За време на породувањето , турскиот актер бил покрај сопругата и не можел да ги запре солзите кога му се родил синот. Бурак и Фахрије се венчаа во 2017 и веќе подолго време сакаа дете.
Сега желбата им се исполни , а честитки на двојката кои се наречени и турска Бранџолина , стигнуваат од сите страни.
Comments are closed for this post.