Контраверзноста околу разликата во квалитетот на Нутела најпрво е резултат на различните рецепти во производството, како и традицијата и вкусот на потрошувачите.
Ова го изјави Мари-Пол Бенаси, директорка на Главната управа за правосудство и заштита на потрошувачите при Евопската комисија, на тркалезната маса на која се раговараше за правата на потрошувачите во Загреб.
Изминатите години различни истражувања во некои држави членки на унијата открија дека постои разлика во составот и карактеристиките на исти марки помеѓу, пазарите на источните и „старите“ членки на унијата. Но за комисијата, ваквите резултати заради различните начини на прибирање на примероци, испитувања и толкувања не се земаат во предвид.
Разговаравме со Ферер, сопственикот на Нутела, ни објасни дека имаат два рецепта. Оригиналниот, оној од Италија, достапен е во сите земји членки на унијата, освен во Германија. Таму се користи друг рецепт, одговори Бенаси, прашана за дуалниот квалитет на производот на европскиот пазар, во врска со случајот Нутела.
Бенаси исто така напоменува дека не постои јасна дефиниција на квалитет во Европската унија како и дека тоа зависи од традицијата и вкусот на луѓето.
Фереро сега работи на промена на рецептот со цел приближување на италијанскиот рецепт до сите потрошувачи, додава Бенаси.
Comments are closed for this post.