Дел од актерите од легендарната серија „Пријатели“ се собраа за да се потсетат на убавите времиња.
На фотографијата објавена од Кортни Кокс, којашто ја играче Моника, се појавуваат уште и Мет ЛеБланк (Џои) и Џенифер Анистон (Рејчел), коишто не ја кријат радоста од повторното дружење.
Ретка вечер со луѓе што ги сакам – напиша Кокс на објавената фотографија.
Носталгијата на „пријателите“ очигледно ја чувствуваат и нивните фанови, со оглед на тоа што фотографијата доби скоро два милиони лајкови за помалку од еден ден.
Comments are closed for this post.