Познатиот моден бренд Гучи  се извини за волнениот џемпер кој личи на „црно лице“  и потенцираа дека е повлечен од продажба.

Во соопштението Гучи наведува дека  како компанија се посветени на различностите  и смета дека тоа е фундаментална вредност која треба во потполност да се поддржи, пренесува АП.

Џемперот е изработен од црна волна има црвен израз на уста, што на социјалните мрежи  се исмејуваше дека е расистички.

Сметаме дека различностите се фундаментални вредности  кој треба да ги негуваме и почитуваме и секоја одлука која ја носиме, треба да се темели на тоа.  Потполно сме посветени да ги почитуваме различностите  во нашата организација и овој инцидент е лекција за целиот колектив на Гучи, соопштуваат од овој италијански бренд