Познатиот моден бренд Гучи се извини за волнениот џемпер кој личи на „црно лице“ и потенцираа дека е повлечен од продажба.
Во соопштението Гучи наведува дека како компанија се посветени на различностите и смета дека тоа е фундаментална вредност која треба во потполност да се поддржи, пренесува АП.
Џемперот е изработен од црна волна има црвен израз на уста, што на социјалните мрежи се исмејуваше дека е расистички.
Сметаме дека различностите се фундаментални вредности кој треба да ги негуваме и почитуваме и секоја одлука која ја носиме, треба да се темели на тоа. Потполно сме посветени да ги почитуваме различностите во нашата организација и овој инцидент е лекција за целиот колектив на Гучи, соопштуваат од овој италијански бренд
Comments are closed for this post.