Кралот на фолкот Шабан Шаулиќ откако трагично загина во Германија погребан е во Алејата на заслужните граѓани во Нов Белград и токму тоа отвори многу болни прашања, како: „и други тоа го заслужија, па не почиваат во алејата“…
Имено, друштвените мрежи се вжештија од коментари зошто е одобрено пејачот на народна музика да се најде меѓу заслужните, додека многу академци и доктори на науки обично не може да бидат погребани на тоа место.
Секако дека е тешко да се сфатат коментарите како: „Шабан, самото име зборува.. Местото му е на селски гробишта“ кои психолозите ќе ги наречат психопатски, посебно во момент на најголема болка со која се соочува фалимилајта на Шаулиќ.
Меѓутоа, меѓу оние кои сметаат дека на Шаулиќ местото не му е во Алејата на заслужни граѓани има и интелектуаци и политичари, кои истакнуваат дека има позаслужни од кралот на народната музика.
Имено, лидерот на радикалите, Воислав Шешељ се огласи на Твитер по повод тоа што една улица во Шабац треба да го смени името во на Шабан.
„Политика утрово известува дека веќе 1.500 будали се потпишале на петицијата улицата Авде Карабеговиќ да се преименува во Улица Шабан Шаулиќ. О Србијо, дали ќе се одрекнеш од спомените на јунаците, мечениците и врвен интелектуалец во корист на панаѓурски забавувач, па макар имал глас на славеј“, пишува Шешељ.
“Политика” јутрос извештава да је већ 1.500 будала потписало петицију да се Улица Авде Карабеговића преименује у Улицу Шабана Шаулића.О Србијо, да ли ћеш се одрећи успомене на јунака, мученика и врсног интелектуалца у корист вашарског забављача, па макар он имао “глас славуја”?
— Војислав Шешељ (@predsednikSRS) February 23, 2019
Comments are closed for this post.