Пејачката Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг и соработник Филип Живојиновиќ пред да се венчаат купиле луксузна куќа на Бежаниска Коса и за неа подигнале заем од 500.000 евра.
Нивниот дом има дури четири спални соби, а имотот што го купиле Александра и Филип се наоѓа во близина на куќата на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ.

Посебен детал во дневната соба е белиот пијано, украсен со бели фигурини на ангели и бели цветови. Во куќата има и неколку гломазни огледала, а на Александра особено и се допаѓа она во спалната соба, пред кое често се фотографира.