По кратко боледување, ненадејно почина познатиот саксафонист и кларинетис, Илми Мустафов, пренесе romatimes. Илми беше син на легендарниот Ферус Мустафов и член на групата „Огнени момчиња“, а во тридецениска кариера има снимено многу ора и чочеци.

Илми почина неполни три месеци по татко му Ферус, а според последните инфрмации погребот ќе се одржи на 17 август.