Коосновачот на „Мајкрософт“ Пол Ален (65) почина од компликации од болест, се наведува во соопштението кое во име на неговата фамилија го испрати компанијата „Вулкан“.
Ален умрел во Сиетл во попладневните часови во понеделникот, по локално време, а боледувал од Хочкинова болест.
— Paul Allen (@PaulGAllen) October 15, 2018
Неговата сестра Џоди порачала дека бил „прекрасна личност во секој поглед“.
И покрај тоа што се знае дека е биотехнолог и филантроп, за нас е многу сакан брат и вујко, и невиден пријател. И покрај неговиот ангажман, секогаш наоѓаше време за фамилијата и пријателите, е неведува во соопштението.
Paul was a truly wonderful, bright and inspiring person—- and a great friend. I will miss him https://t.co/HYhtgZGo8C
— Steve Ballmer (@Steven_Ballmer) October 15, 2018
На почетокот на месецов, Ален откри дека започнал третман против Хочкинова болет, истиот вид на канцер со кој се бореше пред девет години. Кога дијагнозата за прв пат му беше поставена, тој го напушти „Мајкрософт“.
Тој и неговиот другар од детството, Бил Гејтс го основаа Microsoft во 1975 година. Ален бил извршен потпретседател за истражување и доусовршување до 1983. кога морал да ја напушти позицијата поради проблеми со здравјето, но сепак останал член на управата.
Ален беше еден од најбогатите луѓе во светот, неодамна Форбс го рангираше на 44-то место на најбогати.
Comments are closed for this post.