На 85-годишна воздраст почина Карл Лагерфелд, еден од најпознатите светски модни креатори.
Лагерфелд е германски моден креатор, уметник и фотограф. Има соработувано на многу проекти поврзани со уметноста и модата, најмногу како главен креатор и креативен директор на модната куќа Шанел. Лагерфелд раководи со неговата сопствена модна куќа, како и со италијанската куќа Фенди.
Медиумите пренесуваат дека Лагерфелд починал по кратко боледување, а причината за смртта се уште не е позната.
Comments are closed for this post.