Хрватскиот пејач и гитарист, Крунослав Кичо Слабинац почина на 77 години по долго и тешко боледување.

Изминатите месеци, како што јавуваат хрватските медиуми, тој неколку пати бил опериран. Иако операциите поминале успешно, заздравувањето не се одвивало според очекувањата.

Неговата кариера е долга 40 година. Тој ја доби наградата за животно дело од Осјечко-баранската жупанија.

Неговите песни кои се стари по неколку децении и натаму се хитови кои неретко и кај нас се пеат. Една од многуте негови познати песни е и „Због једне дивне црне жене“.