Авторот на прочуената стаклена пирамида пред Лувр во Париз, кинескиот архитект Јау Мин Пеј, почина на 102-годишна возраст.

Веста ја објавија неговите најблиски, без да соопштуваат детали.

Модернистичкиот дизајн и многу престжни проекти го вброија Пеј меѓу најпознатите архитекти на 20 век. Освен обновувањето на парискио Лувр, негово дело е и Салата на славата на рокенролот во Кливленд.

Основната негова карактеристика беше прецизната геометрија и апстрактноста, одавајќи и почит на светлината.