Во четврток, 29 ноември, со почеток од 20 часот, во МКЦ, концерт ќе одржи познатиот босански музичар, актер, писател и режисер Д-р. Неле Карајлиќ. Концертот е по повод отварањето на фестивалот „Таксират“.
Настанот се одржува токму на некогашниот југословенски празник Денот на републиката- 29 ноември, поради песната која Неле ја испеа со „Забрањено пушење“, „Дан републике“. Оваа година, Д-р Неле се врати на сцена со спектакуларен концерт кој го одржа пред повеќе од 40.000 посетители во Белград, а во Скопје гостува по пауза од повеќе 20 години со своевидно „патување низ времето“ на кое го претставува „целокупниот Неле“ и оној од „Забрањено пушење“ и оној од бендот „No smoking orchestra“ и некои нови остварувања.
Билетите во претпродажба се достапни во мрежата на МК тикетс по цена од 500 денари, а на денот на концертот, на билетарницата во МКЦ, нивната цена ќе биде 700 денари.
Comments are closed for this post.