Кинескиот научник кој го шокираше светот со објавата дека успеал кај две бебиња да модифицира ДНК, изјави оти е горд на својата работа.

На еден голем научен собир во Хонгконг, Ѕианкуи на своите колеги за прв пат им го објасни своето научно откритие. Тој, сепак, не изнесе докази, туку се извини за тоа што излегло во јавност.

Тој тврди дека во модифицираната ДНК на двете женски бебиња успеал да ја оттргне опасноста од ХИВ вирусот од кој боледуваат мајката и таткото. Ѕианкуи тврди дека има уште неколку двојки кои се забраменети кај кои ембрионите се со модифицирана ДНК.

Научникот потврди дека во неговиот експеримент учествувале седум двојки и оти станува збор за ХИВ позитивни. Сепак, експериментот самиот научник веќе го прекинал и сега сите очекуваат да ги видат резултатите на родените бебиња.