Сеуште не е започната ревизијата на неисплатените проекти од минатата година во Министерството за култура. Од Секторот за финансиска инспекција при Министерството за финансии, кој е задолжен од Владата да изврши контрола на неисплатените проекти, велат дека ќе постапат согласно Законот за финансиска инспекција откако ќе заврши започнатата истрага од Финансиската полиција, објави Телма.
Во врска со најавената ревизија на ланските неисплатени проекти на Министерството за култура, реагираа културни работници и музичари од џез сцената. Според нив, одлуката да се врши ревизија е за поздрав и очекуваат дека ќе има евалуација, но сметаат дека најавата од ресорот Култура дека нема да се исплаќаат сретства додека траат контролите, не е добра одлука во овој период од годината кога се затвораат реализираните проекти од 2020. Тоа ќе се одрази врз егзистенцијата на слободните уметници и ќе ги претстави организациите како неодговорни пред партнерите, децидни се од независната сцена.
Целиот текст овде.
Comments are closed for this post.