Едно петгодишно момче кое за време на семејна прошетка низ пустината во Аргентина се загуби, пронајдено е живо и здраво по 24-часовна потрага по него.

Властите на провинцијата Сан Хуан и околу 1.000 волонтери беа во потрага по момчето. Медиумите објавија дека детето го пронашол еден мотоциклист, поранешен учесник на релито Париз-Дакар 21 километар подалеку од местото каде исчезнал.

Детето било пренесено во болница со лесна дехидрација.

Ми студеше, спиев лошо, легнав врз една карпа“, им изјави Кларин на медиумите.

Момчето изјавило дека јадело трева, а пиело вода од поток.

Да се преживее сам во пустина 24 часа е голема работа“, рече Алберто Онтиверос, човекот кој го пронајде момчето и притоа истакна дека во тоа е регион во кои се движи пумата.