Веб сајтот за патувања European Best Destinations ја прогласи плажата Пасјача крај Дубровник за најубава во Европа. Соседната, пак, Нугал, е на третото место, соопшти Хина.

На фановите на гласната музика, баровите на плажа и водните спортови сајтот им препорачува да ја избегнуваат Пасјача. Таму нема ништо такво, туку само мир и природа. Најубавата плажа во Европа се наоѓа во срцето на Конавље, на 10 километри од Цавтат и на 30 минути патување од Дубровник.

Пасјача го освои првото место во конкуренција со плажи во Шпанија, Англија, Црна Гора, Грција, Корзика, Франција, Италија, Романија и Бугарија. Хина забележува дека второто место и припаднало на плажата Нера во Андалузија, Шпанија.