Корисниците известуваат дека одредени услуги на „Google“, како што се „YouTube“, „Gmail“ и „Google Docs“, не се достапни.

Според „Downdetecter“, има значително зголемување на извештаите за проблеми.

Дури 84 проценти од апликациите се поврзани со најавување, додека 15 проценти со пребарувачот. Засега е непознато што предизвикало толку масовно уривање на системот.

Многу корисници не можат да пристапат до „Gmail“, а не функционираат ниту „YouTube“, „Nest“, „Gmail“, „Docs“, „Youtube“ … Падна „Google Meet“, преку кој многумина одржуваат часови на Интернет.

Проблемите започнаа нешто пред 13 часот.

Сè уште нема официјални информации на „Google“ за недостапните услуги.