Светската музичка ѕвезда Ријана е најбогатата жена во музичката индустрија. Популарната пејачка  ја симна од тронот поп дивата Мадона и стана најбогатата светска пејачка.

На листата на „Форбс“ на жени кои самите го стекнале богатството Ријана со заработка поголема од 600 милиони долари се искачила на врвот.

Успехот на Ријана не е изненадувачки ако се зема во предвид дека во изминатите неколку години популарната пејачка основа успешна козметичка компанија „Fenty Beauty“, лансираше бренд на долна облека „Savage x Fenty“ а од неодамна стана и дизјнерка на луксузна облека и модни детали.

Ријана со богатство од  повеќе од 600 милиони долари  е најбогатата жена во музичката индустрија пред Мадона со 570 милиони долари, Селин Дион со 450, Бијонсе со 400 и Тејлор Свифт со 360 милиони долари.