На дното на најголемата мистерија во Атлантскиот океан, ,,Сината дупка” , е најдено – разочарување.

Големата сина дупка на Белизе, за многумина е најголема мистерија на океанот, но се претвори во разочарување за истражувачите.

На групата авантуристи , кон крајот на минатата година им се приклучи и милијардерот Ричард Бренсон. Она што го открија е навистина депресивно .

,,За жал на дното видовме пластични шишиња, што е вистинска казна за океанот.” напиша Бренсон на својот блог.

Бренсон на дното на дупката се спушти со подморница заедно со Фабијан Кусто , а нивната авантура беше најавувана на Дискавери.

,,Тоа беше еден од најсилните потсетници на опасноста од климатските промени , што сум ги видел.”, рече Бренсон. Тој заклучи дека неговите внуци кога во 2050 ќе имаат триесетина години , не би сакал да ги остави во свет без корали и други чуда на океаните.