Двегодишно дете од американската држава Атланта се качи на аеродромската лента за багаж , по што заврши во болница.
Детенцето избегало од мајка си и се качило на подвижната лента на аеродромот Хартсфилд- Џексон во Атланта. Мајката Едит Вега вели дека само за момент го оставила детето ,за да пополни формулар за багажот , а кога се свртела детето исчезнало.
Малиот се качил на лентата по која се возел меѓу торбите и коферите и завршил во просторијата каде што се врши безбедносна проверка на багажот. Таму го забележа еден од вработените и ја сопре лентата.
Мајката вели дека сакала да се фрли по детето , но не и дозволиле. Сега двегодишното момченце е во болница со повреден десна рака.
Comments are closed for this post.