Состојбата со пандемијата оваа година не ни дозволува да го одбележиме јубилејот како што доликува – со големо отворање на изложбите и доделување на награди на главните манифестации на ОСТЕН заедно со многубројните пријатели од Македонија и ширум светот, но вирусот сепак не можеше да не спречи карикатуристите и уметниците да ги донесовме тука – преку нивните дела.
По повод 75-години ОСТЕН од 1 – 10 октомври 2020 се поставени изложби во:
НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА на С. Македонија Чифте амам – изложба на слики, цртежи и графики на повеќе од 200 уметници од целиот свет.
ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2020, селектирани автори и дела на:
Илја и Емилија КАБАКОВ – ГРАН ПРИ за животно остварување
Оскар КОКОШКА – Награда СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
ОСТЕН БИЕНАЛЕ на НАГРАДЕНИ АВТОРИ Скопје/Охрид 2019-2020
Мати ГРУНБЕРГ, Израел – ГРАН ПРИ
Comments are closed for this post.