Популарната американска водителка и новинарка Опра Винфри ја воодушеви претежно женската публика во Шарлот најавувајќи дека ќе донира 1,15 милиони долари за да им помогне на учениците да се запишат и успешно да завршат колеџ.

Винфри зборуваше на собир каде што Фондот за колеџ „Обединети црнци“ се надеваше дека ќе собере 1 милион американски долари за студенти од Северна Каролина.

Откако на видео-бим беше соопштено дека се собрани собрани 1,15 милиони долари, Винфри најави:

Еве што ќе направаm, ќе донирам исто толку средства“ .

Донацијата на Опра двојно ја зголеми вредноста на собраните средства, кои достигнаа висина од 2,3 милиони американски долари, надминувајќи ги целите на организацијата за прибирање финансиска помош.