Првиот „Македонско-унгарски разговорник“ чиј автор е Соња Трајковска онлајн ќе биде промовиран на 26 јануари (вторник) во 20 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“. Со оглед на тоа дека секој јазик е богатство со кој се прошируваат видиците, во книжарниците „Литература.мк“ наскоро ќе може да се најде ова дело кое е во издание на „Арс Ламина“.
Трајковска има дипломирано полски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а овој јазик ѝ бил близок затоа што 12 години живеела во Словачка. Сепак, нејзина пасија и најголем интерес е унгарскиот јазик затоа што е родена во оваа земја од мајка Унгарка и татко Македонец и ја имала шансата да го совлада овој јазик уште како малечка. Иако сакала да го студира унгарскиот јазик, сепак морала да донесе поинаква одлука затоа што на нашиот универзитет сè уште нема катедра за унгарски јазик.
Модератор на онлајн-промоцијата ќе биде уредникот на изданието, Филип Видиновски, а покрај авторката Трајковска, гостин ќе биде и лекторката по унгарски јазик Шаролта Папаи.
Comments are closed for this post.