Околу 83.000 граѓани на Македонија се зависници од алкохолот, а голем дел се млади, особено женската популација. Ова е државен проблем кој бара голема ажурност во решавањето, велат од прилепскиот клуб на лекувани алкохоличари „Методија Николоски-Мец“ кој денеска во одбележа 40 години постоење.
Според претседателот на Клубот и лекуван алкохоличар Стојан Мечев, со алкохоличарот во семејството страда повеќе околината и целото семејството, вели дека е потребна голема акција за сузбивање на ова зло.
Две години сум претседател на Клубот, а 11 години апстинент без рецидив. Клубот ми помогна прво да прифатам медицински третман, а потоа да бидам успешен апстинент. Во клубот доаѓаат се повеќе членови и тоа млади. Функционира на доброволна база со членарина од 50 денари. Ова е државен проблем. Клубот е еден од најуспешните во државава. Почна со седум члнови, а во четири децении преку 3.600 граѓани со проблеми од алкохолот побарале помош и 65 насто се излекувале што е просек завиден на Балканските простори. Ако еден процент од продажбата на алкохолот е за функционирањето на клубовите, би било успешно, вели Мечев.
За клиничкиот психолог Јован Велески, статистиките го вбројувата проблемот на државно ниво. Сѐ повеќе млади, особено од женската популација посегнуваат по алкохолот, државата е на дното по бројот на Клубовите со опкружувањето, а не заживеала ни националната стратегија.
Порастот е кај женската популација, особено кај младите. Тоа е еден од ризичните фактори на кој треба државата да обрне внимание. Живееме во сепарационо конфликно општество со изместени морални вредности во што младите тешко се снаоѓаат, не може да се организираат, да ја најдат својата сила, креативноста и најчесто, алкохолот е тој кој ги опушта во првата фаза. Но, стапицата е голема. Со секое наредно земање алкохол се повеќе се навлегува во болеста, вели Велески.
Прилепската локална власт го поддржува и морално и материјално функционирањето на клубот. По повод четири децениското постоење, беа доделени благодарници на истакнати членови на Клубот.
Comments are closed for this post.