Зетот Огнен Караѓозовски и невестата Марина Петровска во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“ ја крунисаа својата љубов во рамките на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, која годинавата се одржа по 46. пат.

Годинешнава невеста Марина има потекло од Крива Паланка, а младоженецот Огнен има потекло од Галичник. Тој неколкупат бил вклучен во органзацијата на претходните свадби и учествувал како статист.

Свадбарските обичаи, кои започнаа во саботата вечер во куќата на младоженецот со китење на бајракот и три истрели од пушка, продолжија со традиционална Галичка свадба на која младоженците се заколнаа на вечната љубов, а присутните имаа можност да проследат над триесетина обичаи кои претставуваат своевиден спектакл.