Денес бил среќен ден за сите возачи кои се нашле на автопатот во Њу Џерси во САД. Причина – се скршила врата на блиндирано возило кое пренесувало пари. Полицијата соопшти дека поради механички дефект се отворила вратата и низ неа испаднале две вреќи пари, во кои имало над половина милион долари.

Поточно, на автопатот од едната вреќа излетале 140.000, а од другата 370.000 долари.

Тие што поминувале од таму гледале како летаат долари на сите страни, па ги запирале возилата и излегувале од нив да соберат колку што е можно повеќе. Потоа заминувале во непознат правец.

Фирмата која ги превезувала парите успеала да собере 205.000 долари, а чесни граѓани вратиле 11.000. Како и да е, 294.000 долари ги снемало. Полицијата побара сите кои имаат видео снимки од местото да и го дадат во обид да ги пронајде лицата кои на нелегален начин собрале поголем кеш.