Пејачката Јелена Карлеуша има богато искуство кога се работи за изборот на мажи.41 годишната „мала од скандал“ како што ја нарекуваат често ги менуваше партнерите.
Во средината деведесеттите години, Јелена беше во врска со еден од водачите на Земунскиот клан Зоран Давидович-Чанда.Чанда беше убиен враќајќи се од погреб, а Јелена скршена од болка му посвети песна.
Во 2002 година Јелена сними албум за продуцентската куќа „БК саунд“ кога се запозна со еден од наследниците на богатата империја Кариќ, Бојан.
Брзо стапија во брак но и брзо се разведоа, поради како што велеше Јелена разлики во карактерите.
По Бојан, Јелена беше во врска со контроверзниот бизнисмен Владан Мариќ кој беше познат по врската со Нивес Целзиус.
Среќата во љубовта ја најде во 2007 година кога го запозна фудбалерот Душко Тошиќ. Таа е седум години постара од него и Душко кога се запознале ја излажал дека има 26 години а не 20. Во бракот со Душко имаат две ќерки Атина и Ника.
Во нивната љубов се беше во ред се додека не изби скандалот со анонимниот фудбалер Огнен Врањеш со кого си разменувала фотографии на кои таа се самозадоволува. Јелена сето ова го демантираше велејќи дека е монтажа но Душко не мисли така и најавува развод.
Comments are closed for this post.