Познатата очајна домаќинка, Фелисити Хафман се соочува со затворска казна од 20 години заради обвинение за поткуп за да може нејзината ќерка да се запише на универзитет во САД. Актерката Хафман вчера даде исказ пред истражителите за големиот скандал со поткуп за упис на американските универзитети. Таа и уште 13 други обвинети се појавија во судот во Бостон.

Актерката од серијата Очајни домаќинки наводно дала 15.000 долари мито на Рик Сингер, мозокот на операцијата за издавање лажни документи со кои нејзината ќерка можела да избира познат универзитет за натамошно школување.

За тоа дело, може да добие казна затвор од 20 години. Како и да е, се смета дека обвинителот ќе ја земе предвид нејзината искреност, а тоа би можело да значи парична казна од 20.000 долари и условна казна од една година.

Целосно ја прифаќам мојата вина, многу жалам и се срамам за тоа што го направив“, изјави актерката.

Хафман изјави дека нејзината ќерка не знаеле што таа направила за да и обезбеди подобар факултет за школување.

Се проценува дека во шемата на мито за упис на универзитети, како што се на пример Харвард или Јеил, се дадени 25 милиони долари.