Меѓународен тим археолози пронајдоа ќерамички предмети во детски гробници во Германија. Во три сада имало и остатоци од животинско млеко – од крави, кози и овци. Најстариот од тие садови датира од бронзената ера, т.е. е направен пред повеќе од 7.000 години.

Биомолекуларниот археолог Џули Дан од Универзитетот на Бристол во Велика Британија смета дека овде се работи за своевидни бебешки шишиња за хранење. Тие биле доволно мали за бебето да ги држи и имале тесно грло, налик цуцла.

Останатите ќерамички предмети, пак, имале облик на животински глави со долги уши, рогови и други украсни додатоци.

– Тие се неверојатно интересни. Тоа би значело дека праисториските луѓе знаеле дека освен да ги нахранат своите деца, истовремено треба и да ги забавуваат, слично како и со денешните кадифени играчки, смета коавторот на истражувањето, археологот Катарина Ребај-Солсбери од Австриската академија на науките.

Проф. Дан истакнува дека ова покажува и како и колку тие древни луѓе се грижеле за своите малечки.

– Предметите сведочат за креативност и смисла за забава, црти за кои не сме многу склони да им ги припишуваме на нашите предци, додава Ребај-Солсбери.