Покрај многуте други претскажувања, се чини, „Симпсонови“ ја предвиделе и Грета Тунберг. Имено, твитерџиите, но и луѓето на Фејсбук веќе почнаа да го споредуваат девојчето со Лиса Симпсон.

Лиса е еден од главните ликови во цртаната серија, интелигентна е и принципиелен борец за правдата и она што е правилно. Меѓу другото, и таа, исто како и Тунберг, е жесток и гласен борец за поголема грижа и справување со климатските промени.

Серијата успеа предвреме да ги „предвиди“ и Доналд Трамп како претседател на САД, пропаста на некогаш славното списание „Тојс ар ас“, како и настап на Супербоул финалето во американско рагби.