Од 1 април 2025 година во Грција стапија на сила правилата за т.н. „часови на тишина“, кои важат секое лето и ќе траат до 30 септември. пишува српскиот весник „Ало.рс“.
Сите македонски туристи кои ќе замина кај јужниот сосед ќе мора да се навикнат на новиот куќен ред, инаку ризикуваат да платат висока казна или пак ќе одат во затвор.
За што се работи
За време на т.н „часовит на тишина“ е забранета секаква врева или по нашки кажано „дерење“ како што ние си знаеме.
Ова е распоредот
Летен распоред (1 април – 30 септември):
- Попладневна тишина: од 15:00 до 17:30 часот
- Ноќна тишина: од 23:00 до 07:00 часот
Што се забранува
- Правење бучни активности
- Гласна музика, телевизори, викање, пеење и танцување во станови и на приватни места
- Улични настапи и музика на јавни места (улици, плоштади, превоз)
- Гласни расправии во јавни простори, кафулиња, клубови
- Гласни муабети и активности на автобуските постојки или кај паркирани возила
- Употреба на свирки од автомоби
Казни
- Затворска казна до 5 месеци, замена со парична казна
- Или висока парична казна
Comments are closed for this post.