Еден од најголемите научници на сите времиња Никола Тесла речиси целиот живот го поминал во САД каде ги има откриено најголемите изуми.Тој е роден во Хрватска, во областа Лика, но има српско потекло.
Иако денеска и Србија и Хрватска се обидуваат да го присвојат, тој само еднаш во животот го посетил Белград и не бил со воодушевување прифатен од тамошната јавност која го сметала за чудак.
Неговата посета на Србија се случила во 1892 година кога бил примен на аудиненција кај кралот Александар Обреновиќ.
Јас останав Србин и преку морето каде се бавам со испитување. Вие исто така треба да бидете со својата работа и знаење и така да ја подигате славата на Српството во светот-рекол Тесла.
Comments are closed for this post.