Режисерот Кевин Смит најави дека подготвува нова анимирана серија за „Господарите на Универзумот“ (Masters of the Universe) која ќе се емитува на Нетфликс.

Новата серија „Господарите на Универзумот: Откровение“, токму како оригиналната приказна, ќе биде базирана на хит играчката на „Маттел“, а ќе ги прикаже популарните Хи-Мен или Скелетор.

Му благодарам на Маттел и Нетфликс што ми ги доверија не само тајните замки на Сивиот череп, туку и на целиот универзум. Во „Откровение“ продолжуваме таму каде работата застана, како би ја раскажале епската приказна која можеби води кон конечна битка меѓу Хи-Мен и Скелетор“, изјави Смит.

На Твитер профилот на Нетфликс се појави и првиот постер од оваа серија.

Цртаната серија „Хи-Мен и Господарите на универзумот“ премиерно е прикажана во 1983 година, додека на нашите простори се појави кон крајот на таа декада.