Нова цел на бразилецот Нејмар е шпанската актерка Урсула Кобреро. Тој на пријателите им се доверил дека сака да ја запознае заносната Шпанка со кратка коса. Иако Урсула е во врска тој не губи надеж дека може да ја покани на состанок. Таа има 29 години и е една од најпознатите актерки во својата земја.

Нејмар дури објави фотографија како ја гледа Урсула во серијата ‘La Casa De Papel.” во која таа игра главна улога.