Научниците предупредуваат дека океаните , кои прекриваат две третини од земјината топка и се пресудни за опстанокот на планетата , би можеле до 2100 да го зголемат нивото за два метра.

,,Имаме голема шанса следните 18 месеци да направиме нешто за океаните” , вели за француските медиуми Дан Лефолеј од Меѓународниот сојуз за зачувување на океаните.

Меѓувладината конференција на Обединетите нации што се одржа во октомври минатата година донесе заклучок дека поради глобалниот раст на температурата , расте нивото на океаните многу побргу од очекувањата, а следниот извештај ќе го направи во септември.

,,Извештајот на ИПЦЦ ќе биде многу мрачен.” вели Лиза Спир , директорка на програмата за океаните во Советот на ОН за одбрана на природните ресурси.

Порастот на нивото на гасовите на стаклената градина во атмосферата предизвикува пораст на нивото на океаните. Во моментов нивото на океаните расте за 3,3 милиметри годишно , што се зголемува секоја година.

До крајот на столетието научниците предвидуваат црно сценарио според кое нивото на океаните би се зголемило за два метра.

,,Ние научниците сме преплашени од размерите , длабочината и брзината на овие промени.”, вели Лафолеј.