Беспилотното летало на НАСА „InSight“, безбедно слета на планетата Марс, каде ќе мине две години во истражувачка мисија, како прв човечки објект дизајниран длабоко да ја истражи внатрешноста на планетата.
Инженерите успешното слетување го потврдуваат со сигнали испратени на Земјата со еден од двата минијатурни сателити кои се лансирани, пренесува Ројтерс.
Леталото слета на Марс по половина година патување долго 548 милиони километри, а откако беше лансирано во мај годинава од Калифорнија. Како што се наведува, леталото носи инструменти кои ке ја детектираат температурата на планетата и сеизмичките појави кои досега не се мерени никаде освен на Земјата.
? Wish you were here! @NASAInSight sent home its first photo after #MarsLanding:
InSight’s view is a flat, smooth expanse called Elysium Planitia, but its workspace is below the surface, where it will study Mars’ deep interior. pic.twitter.com/3EU70jXQJw
— NASA (@NASA) November 26, 2018
Леталото „Инсајд“ на Марс ќе остане 24 месеци и ќе ги расветлува мистериите за настанок на планетата, што би можело да разјасни и потеклото на Земјата и другите цврсти планети во Сончевиот систем.
Comments are closed for this post.