Сè што е направено дома е повкусно а тоа важи и за путерот од кикирики кој во маркет чини и до 200 денари.Во вашата кујна можете да го направите многу поевтино
Потребно е за една мала тегличка:
300 г кикиритки во кора
Подготовка:
– Исчистете ги кикиритките од кората и излупете им ја лушпата.
– Ставете ги во блендер и измелете ги на најголема брзина. Кикиритките прво ќе се сомелат, а потоа ќе почнат да испуштаат маснотија. Одвреме-навреме исклучете го блендерот за да не се прегрее. Мелете ги кикиритките додека не добиете густа смеса.
– Ако сакате путер со парчиња кикиритки, тогаш на крај додадете сечкани кикиритки во него.
Comments are closed for this post.