Претседателот Ѓорге Иванов денеска оствари средба со музичкото дуо “Некст Тајм” кои ја преработија песната  “Нешто ќе те питам бабо” и предизвикаа многу коментари.

Момците на својата Фејсбук страна информираа дека им било голема чест што се сретнале со шефот на државата.

Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми. Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања, напишаа “Некст Тајм” на својата Фејсбук фан страна.