Авионот со најголем распон на крилата во светот успешно го заврши својот прв лет, објави американската авиокомпанија Стратоланч. Ова летало има два трупа и распон на крилата од 117 метри.

Летал два и пол часа над пустината Мохаве во Калифорнија, на висина од 5 километри при што извел повеќе маневри, вклучително и симулирано слетување.

„Каков сјаен прв лет“, изјавил извршниот директор на Стратоланч Џејн Флојд.

Стратоланч во 2011 година го основаше коосновачот на Мајкрософт, Пол Ален. Целта на компанијата е овозможување на поефтин пристап до земјината орбита за лансирање сателити во вселената од авион наместо од земја.