Дарко Лазиќ успешно се опоравува од страшната собраќајка која ја имаше пред два месеци. Тој ја напушти болницата и се опоравува во бања. Друштво му прави вереницата Марина со која чекаат дете.

Дарко вели дека ја научил лекцијата и дека не може самиот да си одогови зошто кобното утро наместо да се одмори решил да тргне кон домот.

– На сето тоа се сеќавам и тие слики ќе ми останат доживотно врежани.Би сакал тоа да го заборавам. Не бегам од одговорност и му благодарам на господ за втората шанса што ми ја даде. Искрено не знам зошто мислев да се вратам веднаш дома после прославата. Да се одморев до ова немаше да се случи. Тоа ми беше сериозно опомена, кога човек ќе и погледне на смртта во очи на животот гледа поинаку-вели Лазиќ.